Врската нема да ве спаси од самотијата, не барајте љубов таму каде што ја нема

Една врска нема да ве спаси. Нема да ви помогне да се сакате себеси, ниту пак да ви ја даде љубовта која ви недостасува и која мислите дека ја заслужувате. Друга личност нема да ви го даде тоа на вас, тоа морате да го најдете себеси.

Морате да научиме сами да се сакаме себеси, пред да го очекува тоа од друга личност.

Една врска нема да нѐ спаси. Нема да го поправи нашето скршено срце. Нема да нѐ ослободи од минатото, ниту пак да ни помогне да го заборавиме. Таа нема да ни ја отстрани болката. Една врска со дечко или девојка нема да ги замени сите други врски и односи во вашиот живот.

Романтичните врски доаѓаат и си заминуваат, но пријателствата и семејството се засекогаш. Никогаш не ги отфрлајте овие врски, само поради нов интерес во вашиот живот.

Врските не се без напор. Тие бараат напорна работа. Тие бараат време и трпение, тие бараат работа. Тие бараат жртва и компромис. Ако не сте подготвени да се посветите на тоа, тогаш не си го губете своето време и не ја прифаќајте личноста која не е подготвена за ова. Тоа не е фер кон нив, а не е фер ниту кон вас.

Затоа, додека не сте подготвени, не барајте љубов.

Уживајте да сте сами. Дајте си време да научите за себеси. Поминете време со своите пријатели, со вашето семејство и блиски луѓе. Патувајте, бидете среќни, видете го светот и направете ги работите кои сте сакале да ги направите.

Го имате остатокот од животот да бидете во врска, да барате љубов.

Сакајте сте такви какви што сте, и не ја барајте љубовта по секоја цена. Не се губете себеси во мислата за љубовта. Прво сакајте се себеси, а потоа сите други нешта ќе дојдат на свое место.