Времето со дожд и северен ветар

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и постудено со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места врнежи од снег, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје умерено облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од еден до девет степени.

Преодно стабилизирање ќе има во четврток, а во петок кон крајот на денот и во сабота се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а на планините од снег.