Престани да си го трошиш времето. Немој веќе да губиш ниту една минута, ниту една секунда од твојот живот.

Секој момент кој го поминуваш седејќи на кауч, зјапајќи во телефонот, е залудно загубен момент. Тоа е скапоцено време од ограничените резерви кои ги имаш и кое бргу лета и си заминува.

Ако застанеш и размислиш за сите прекрасни работи кои те чекаат надвор, би се изненадил(а).

Прекрасното сино небо, лисјата кои нежно треперат од лесното летно ветре, свежо искосената зелена трева, а ти го пропушташ сето тоа.

Убавината која постои на овој огормен свет едноставно го одзема здивот.

Ти го пропушташ прекрасното сонце на твојата кожа, кое те топли и физички, но и емотивно.

Ти го пропушташ свежиот воздух кој те опкружува, воздухот кој те држи во живот и при свест. Постои нешто специјално во моментот кога ќе отидеш во природа и ќе направи да сфатиш колку е прекрасна оваа планета.

Ти ги пропушташ прекрасните планини кои треба да ги искачиш. Треба да оставиш трага на овој свет, зошто да не оставиш трага на тие височини кои чекаат да ги искачиш?

Ти пропушташ да го пронајдеш твоето омилено кафуле кое ќе те потсеќа на твојот дом. Може да биде извор за твојот омилен пијалок и безбедно место каде ќе се криеш кога ќе имаш лош ден.

Ти пропушташ да налеташ на пријател кој го немаш видено уште од средно. Целиот муабет вреди за да се облечеш и излезеш надвор, ти го ветувам тоа.

Ти ги пропушташ сите шанси кои ги носи живеењето.

Постои разлика помеѓу постоење и живеење и во овој момент ти само постоиш.

Екран? Тоа не е живот. Тоа не носи ништо важно, ниту нешто што ќе сакаш да го споделиш со другите. Тоа не е живот кој вреди да се сподели, тоа е само кутија која едноставно го јаде твоето време.

Исклучи го екранот, остави ги слушалките. Трчај, оди, излези од дома и отвори ги очите за да ги видиш работите кои се создадени за твојот поглед.