Времето не чека никого...

Самите се уверуваме дека животот ќе ни биде подобар кога ќе се венчаме, кога ќе добиеме дете, па уште едно дете.
Потоа се фрустрираме кога децата се мали и одвај чекаме да пораснат.
Потоа се нервираме што децата се тинејџери со кои треба да се справуваме. Сигурно ќе бидеме посреќни кога ќе помине и таа фаза.
Си велиме себеси дека животот ќе ни биде поцелосен кога брачните сопружници ќе бидат подобро организирани, кога ќе купиме добар автомобил, кога ќе имаме можност да отидеме на добро патување или кога конечно ќе дочекаме пензија.
Единствената вистина е дека нема подобар момент за среќа од сегашниот.

Ако не сега, кога? Вашиот живот секогаш ќе биде исполнет со предизвици. Подобро е да го прифатите тоа и да одлучите и покрај тоа да бидете среќни. Среќата е единствениот вистински пат. Затоа, ценете го секој момент кој го имате и ценете го уште повеќе кога имате со кого да го споделите. Запомнете дека ВРЕМЕТО НЕ ЧЕКА НИКОГО.

Затоа, престанете да чекате:
... да го отплатите кредитот
... да купите нов автомобил
... децата не си отидат од дома
... да завршите факултет
... да качите 10 килограми
... да симнете 10 килограми
... да се венчате
... да дојде пролет
... да дојде лето
... да дојде есен
... да дојде зима

Нема подобро време за среќа од денес.
Среќата е патување, а не дестинација.

Затоа, работете како да не ви требаат пари, сакајте како никогаш да не сте биле повредени и танцувајте како никој да не ве гледа...

Вилијам Горзук Џуниор