Времето ќе биде сончево и потопло со мала облачност

Времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален краткотраен дожд и ретки грмежи особено во планинските региони и повеќе на западот.

Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од 6 до 26 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура од 9 до 25 степени.

Сончево и топло со мала до умерена облачност, но и со услови за попладневна и краткотрајна нестабилност претежно за западот ќе има се до петок кога ќе има почести повремени врнежи повеќе во северните делови од земјата, а ќе започне период во кој повторно ќе дува северен ветер и ќе донесе мало спуштање на температурата.