Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло – температура до 29 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје претежно сончево со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од шест до 26 степени.

Во наредните два дена ќе се задржи стабилно и топло време со натпросечни дневни температури. Од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, повремено пообилни.