Времето во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во вечерните и ноќните часови со услови за слаб дожд во крајните западни делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната 19 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во вечерните и ноќните часови со услови за слаб дожд. Утринската ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 26 степени.

Од утре следува период на променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Во понеделник во западните делови врнежите на места ќе бидат пообилни.