Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд, особено во крајните западни и источни делови, на места проследени со ретки грмежи и краткотрајни со пороен интензитет. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 13 Целзиусови степени, а дневната од 19 до 23 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време со умерен засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 12, а дневната до 22 Целзиусови степени.