Времето денеска: Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, град и пообилни врнежи (над 30л/м2).

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 24 до 31 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено попладне. Повремено процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Во четврток и петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а дневните температури ќе се задржат нешто пониски. Во сабота попладне ќе има повремен локален дожд.