Времето денеска: Облачно со слаби врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно со слаби локални врнежи од дожд, претежно во југоисточните делови.

Утринската температура ќе се движи од два до 11, а дневната од седум до 13.

Во Скопје слично време, облачно со слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

В недела ќе преовладува променливо облачно време, кон крајот на денот во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од дожд кои на планините и на некои повисоки места ќе преминуваат во снег. Врнежите ќе продолжат и во понеделник претпладне кога ќе дува засилен северен ветер и ќе предизвика значителен пад на температурата.