Времето денес променливо облачно, од утре дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во западните делови, а во текот на ноќта во поголем дел од земјава, ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Минималната утринска температура ќе се спушти до минус пет, а макисмалната дневна ќе достигне 13 степени.