„Временските услови како фактор во безбедноста во сообраќајот“ - едукативна трибина на РСБСП и АМСМ

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Авто-мото сојузот на Македонија и партнерите, на ден 7.3.2017 година, вторник, со почеток во 18 часот, во Порта Македонија–Скопје, организираат трибина посветена на жените и нивната безбедност во сообраќајот.

Трибината ќе биде на тема: „Временските услови како фактор за безбедноста во сообраќајот“ . На неа ќе се обратат  претседателот на  Републичкиот совет за безбедност  на  сообраќајот на патиштата, Стојче Стаменковски, Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сања Димитриевска, експерти од областа на сообраќајот, професори и личности од јавниот живот.