Временска прогноза за викендот

Денес е четврток, 6 октомври 2016 година, 280-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:31, а ќе зајде во 18:10 часот. Денот ќе трае 11 часа и 38 минути. 

Во утринските часови имаме умерено облачно и свежо време. Можеме да забележиме дека од север започнува процесот на намалување на облачноста кое во претпладневните часови ќе се прошири насекаде. 

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес во утринските часови ќе биде умерено облачно време, а во претпладневните часови намалување на облачноста па во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, ветровито и потопло време. Ќе дува доумерен засилен јужен и југозападен ветер. Утринските температури од 2 до 11 степени, додека пак максималните температури ќе бидат во пораст поради ведрото време и јужното воздушно струење и ќе се движат во интервал од 13 до 23 степени. УВ индексот ќе има вредност 4. 

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови умерено облачно време со сончеви периоди, во претпладневните и попладневните часови намалување на облачноста и ќе преовладува претежно сончево време со појава на локална облачност и ветровито. Ќе дува доумерен јужен ветер. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна до 20 степени. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во петок во Македонија се очекува продор на медитерански циклон кој ќе донесе нестабилно време со поинтензивни врнежи од дожд, засилен ветер и посвежо време. Во западните, североисточните и југоисточните предели со услови да наврнат и до 20 литри дожд на метар квадратен. Максималните температури од 8 до 18 степени. Во сабота умерено облачно со сончеви периоди и дневни температури од 10 до 20 степени. Повеќе сонце но и повисоки максимални температури не очекуваат во недела, кога живата во термометарот ќе се искачи до 13 односно до 23 степени. Во понеделник умерено облачно време со сончеви периоди, а попладне со услови за врнежи од дожд и опаѓање на дневните температури кои ќе се движат од 11 до 21 степен.

Weather4all.com.mk