Временска прогноза за првиот есенски ден

Денес е петок, 22 септември 2017 година, 265-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:15, а ќе зајде во 18:35 часот. Денот ќе трае 12 часа и 20 минути. 

Денес на првиот ден од календарскиот почеток на есента имаме температури кои што се карактеристични за доцна есен. Преовладува претежно сончево и свежо време, додека пак во северните и североисточните предели имаме зголемена облачност.



МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес по свежо утро со утрински температури кои што ќе бидат под повеќегодишниот просек за овој период од годината и ќе се движат во интервал од 2 до 12 степени. Во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, а во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста и да преовладува умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време со максимални дневни температури кои што ќе достигнат до 12 односно до 24 степени. Во текот на денот ќе дува доумерен северозападен и западен ветер што ќе достигне брзина до 25 км/ч. 



СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна ќе достигне до 21 степен.



МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во сабота денот го започнуваме со уште едно свежо утро и утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 3 до 13 степени, во текот на денот ќе биде сончево и потопло време со дневни температури од 14 до 25 степени. Во недела претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време. Утринските температури од 4 до 14 степени, а максималните дневни од 15 до 26 степени. Во понеделник умерено облачно време со повремени сончеви периоди, а попладне во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со локални врнежи од дожд и дневни температури кои што ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 16 до 27 степени. Во вторник умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Минималните температури од 6 до 16 степени, додека пак максималните од 17 до 28 степени.



Weather4all.com.mk