Временска прогноза за продолжениот викенд

Денес е среда, 6 декември 2017 година, 340-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:40, а ќе зајде во 16:07 часот. Денот ќе трае 9 часа и 27 минути. 

Ова утро во северозападните, западните и југозападните предели преовладува претежно ведро и студено време, а во останатите предели преовладува претежно облачно и потопло време со повисоки утрински температури. 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес студено утро со утрински температури кои што ќе се во опаѓање и ќе се движат во интервал од -7 до 2 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и малку потопло време со дневни температури кои што ќе бидат во благ пораст и ќе се движат во интервал од 1 до 11 степени. Во текот на денот ќе дува доумерен северен и северозападен ветер. 

СКОПЈЕ - Во Скопје денес по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и ветровито. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од -2 степени а максималната дневна температура до 7 степени. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во четврток и петок студено утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -8 до 0 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури кои што ќе достигнат до 4 односно до 14 степени. Во сабота и недела умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд а на планините над 1500 метри со врнежи од снег. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе достигнат од -5 до 3 односно од -2 до 6 степени, додека пак максималните дневни температури ќе движат од 5 до 15 односно од 0 до 10 степени. 

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во четврток и петок по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време. Минималната температура од -3 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 10 степени. Во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди, доцна попладне и навечер нестабилно време со слаби врнежи од дожд. Утринската температура од 0 степени, а дневната ќе достигне до 11 степени. Нестабилно време со повремени врнежи од дожд во Скопје се очекуваат и во недела. Утринската температура од 3 степени, а дневната ќе достигне до 6 степени. 

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ - Според измерените податоци во 6 часот на сите мерни места имаме ниско ниво на загаденост на воздухот, што значи дека и количеството на штетните пм 10 честички насекаде е во границите на дозволеното. Во изминатите 24 часа највисоко количество на штетни пм 10 честички беа измерени во Кочани 199 микрограми на метар кубен, Тетово 120 микрограми на метар кубен, Кавадарци 113 и Битола 110 микрограми на метар кубен. Во Скопје вредностите се движеа од 15 до 128 микрограми на метар кубен, со напомена дека највисоки беа на мерните станици во Лисиче и Ректорат. 

Weather4all.com.mk