Временска прогноза за последната недела од лето 2017

Денес е понеделник, 18 септември 2017 година, 261-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:11, а ќе зајде во 18:42 часот. Денот ќе трае 12 часа и 31 минути. 

Во Македонија новaта работна седмица ја започнуваме со сончево и многу топло утро со утрински температури кои што се над повеќегодишниот просек за овој перод од годината. 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес сончево и топло време за овој период до месец септември но со температури кои што ќе бидат во опаѓање во однос на вчерашните невообичаено високи температури. Ќе дува доумерен јужен и југозападен ветер кој што во западните предели ќе достигне брзина и до 15 км/ч. Минималните температури од 8 до 18 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 25 односно до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 5. 

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде сончево и топло време. Ќе дува доумерен слаб југозападен ветер. Утринската температура од 17 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 33 степени. УВ индекс 5. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во вторник претежно сончево и топло време но со благо опаѓање на температурите, како на утринските кои што ќе се движат од 6 до 15 степени, така и на дневните кои што ќе достигнат до 21 односно до 32 степени. Во среда претежно сончево време со појава на локална облачност и продолжување на трендот на пад на температурите, минималните од 5 до 14 додека пак максималните од 18 до 29 степени. Во четврток умерено облачно време со повремени сончеви периоди и свежо време со осетен пад на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 13 до 23 степени, попладне и навечер со услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд, претежно во западната половина. Во петок по свежотро утро со утрински температури од 4 до 12 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и малку потопло време со температури кои што ќе достигнат до 15 односно до 25 степени.