Временска прогноза за наредните пет дена

Денес е вторник, 21 февруари 2017 година, 52-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:16, а ќе зајде во 17:18 часот. Денот ќе трае 11 часа и 02 минути. 

Во Македонија ова утро имаме претежно ведро и студено време со ниски утрински температури, речиси насекаде во негатива. Во Скопската и Полошката котлина имаме и појава на слаба магла. 

МАКЕДОНИЈА – Во утринските часови појава не очекува појава на слаба магла, но и студено утро со утрински температури кои се во опаѓање и ќе се движат во интервал од -8 до 1 степен. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува доумерен слаб северозападен и западен ветер. Максималните дневни температури ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 5 односно до 15 степени. 

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските часови појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -2 степени, додека пак максималната дневна температура ќе достигне до 11 степени. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - И во наредните денови Македонија ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок кој што носи стабилно и надпросечно топло време за овој период од годината. Во среда и четврток потопло утро со повисоки утрински температури од -3 до 5 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 9 до 18 односно од 11 до 19 степени. Во петок претежно сончево со локална облачност и топло, попладне зголемување на облачноста. Максималните температури од 11 до 19 степени. Во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди и топло, а во крајните северни и североисточни предели со услови за слаб дожд. Температурите од 10 до 17 степени. 

weather4all.com.mk