Временска прогноза за наредните денови

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб, а вдолж Повардарието ќе дува умерен северозападен ветер.

Во северните планински предели можна е изолирана појава на краткотраен дожд. Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната температура од 26 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 32.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно, суво и релативно топло време. Во текот на утрешниот ден во северозападниот планински дел ќе има услови за изолирана појава на краткотраен локален дожд.

cheap nike free run 5.0