Временска прогноза за наредните денови

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со снег. Во ноќните часови врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а кон крајот на денот од северозападен правец. 

Утрово до седум часот најстудено беше во Скопје (Петровец) и во Берово, минус четири степени, а максимални шест се измерени во Дебар.Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од три до 12 степени.

Во Скопје, слично време, претежно облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Во ноќните часови врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до осум степени.

Во недела се очекуваат повеќе врнежи попладне, особено во западните делови. Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот во недела врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно понекаде и во пониските делови на крајниот север и на крајниот исток од земјава.

Во понеделник наутро се уште ќе има провејување на слаб снег во северните и источните делови, а преку денот ќе биде суво, студено и ветровито со засилен северен ветер.