Временска прогноза за наредните денови

Во Македонија во сабота нестабилно време со врнежи од дожд, кои во утринските и претпладневните часови ќе бидат поинтензивни во западните предели, а попладне во источните и југоисточните предели, локално до 30 литри.

Максималните температури од 6 до 16 степени. Во недела и понеделник доста студени утра со утрински температури од -2 до 6, односно од -5 до 3 степени. Во текот на денот претежно сончево со максимални температури од 6 до 16 степени во недела, односно од 5 до 15 степени во понеделник.

Студено утро и во вторник со температури од -6 до 2 степени, претпладне претежно сончево, попладне зголемување на облачноста и температури од 4 до 14 степени.