Временска прогноза за наредните 5 дена

Денес е петок, 2 декември 2016 година, 337-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:37, а ќе зајде во 16:08 часот. Денот ќе трае 9 часа и 31 минути. 

Претежно сончево со локална облачност и студено утро имаме во Македонија. Oва утро само во централните предели како и Скопскиот и Кумановскио регион имаме ведро време. 

МАКЕДОНИЈА – И денеска денот го започнуваме со студено утро, потопло во однос на вчерашните утрински температури, но и денешните се под просекот за овој период од годината и се движат во интервал од -9 до -1 степени. Во текот на денот претежно сончево со локална облачност и малку потопло време со пораст на дневните температури кои ќе достигнат до 4 односно до 12 степени. Во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста. Ќе дува доумерен слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен западен ветер кој ќе достигне брзина и до 35 км/ч. 

СКОПЈЕ – Во Скопје претежно сончево со локална облачност и студено време. Попладне зголемување на облачноста. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од -3 степени, а максималната дневна до 7 степени. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во сабота и недела претежно сончево време со појава на локална облачност и студено време. Утринските температури од -8 до 1 односно од -9 до 0 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 3 односно до 11 степени. Во понеделник зголемување на облачноста и максимални температури коиу ќе се движат од 4 до 12 степени. Во вторник претежно сончево со локална облачност, минималните температури во опаѓање и ќе се движат од -10 до 0 степени, а максималните од 1 до 9 степени.