Денес е вторник, 23 јануари 2018 година, 23-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:49, а ќе зајде во 16:42 часот. Денот ќе трае 9 часа и 53 минути.

Ова утро во Македонија имаме ведро и студено утро, а во крајните западни и во североисточните и источните предели температурите се под просекот за овој период од годината.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во вторник денот го започнавме со студено утро со утрински температури кои што се во опаѓање и се движат во интервал од -10 до -2 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, ветровито и свежо време. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер. Максималните дневни 
температури ќе бележат благ пораст во однос на вчерашните и ќе достигнат до -1 односно до 9 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од -4 степени, а максималната дневна температура до 5 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во следните денови во Македонија стабилно време и температури кои што ќе не потсетат дека сме зима, во текот на ноќта и во утринските часови, температури кои што се под повеќегодишниот просек за овој период од годината, а пак максималните ќе бидат во границите на повеќегодишниот интервал. Во среда студено утро со утрински температури од -10 до -2 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и температури од -1 до 9 степени. Во четврток и петок дополнителен пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од -12 до -4 односно од -11 до -3 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и релативно топло време за овој период од годината со максимални температури кои што ќе се движат од -1 до 9 односно од 1 до 11 степени. Во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Минималните температури од -9 до -1 а пак максималните дневни температури од -2 до 8 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во среда по студеното утро со температура од -4 степени во текот на денот претежно сончево со појава на локална облачност и температура до 5 степени. Во четврток и петок студено утро со утринска температура од -6 односно -5 степени, во текот на денот сончево и топло време со максимални 5 односно 7 степени. Во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди и посвежо време. Минималната температура од -3 степени,а максималната до 4 степени.

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ - Според измерените податоци во 6 часот на сите мерни места имаме ниско ниво на загаденост на воздухот, што значи дека и количеството на штетните честички во воздухот насекаде е во границите на дозволеното.

Во изминатите 24 часа количество на штетни пм 10 честички во Скопје се движеа во границите од 161 до 61 микрограми на метар кубен (Лисиче 161, Гази Баба 155, Ректорат 152 микрограми на метар кубен, Карпош 87, Центар 67, Миладиновци 61 микрограми на метар кубен).  Во останатите градови, Битола 136, Кочани 82, Тетово 81 микрограми на метар кубен, Кичево 78, Кавадарци 67, Куманово 61 микрограми на метар кубен.