Временска прогноза за наредните 5 дена

Денес е четврток, 7 декември 2017 година, 341-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:41, а ќе зајде во 16:07 часот. Денот ќе трае 9 часа и 26 минути.

Во утринските часови во Македонија имаме ведро и студено време а тоа можеме да го видиме и од сателитската слика во 6 часот. По котлините и долините имаме појава на слаба магла.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија и денес имаме студено утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -7 до 1 степени, температури кои што се под повеќегодишниот просек за овој период од месец декември. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со дополнителен пораст на дневните температури кои што ќе достигнат до 6 односно до 14 степени. Ќе дува доумерен западен и северозападен ветер кој што долж Повардарието ќе достигне брзина и до 15 км/ч.

СКОПЈЕ - Во Скопје по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од -2 степени, а максималната дневна ќе достигне до 10 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во петок по студеното утро со утрински температури од -5 до 4 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и релативно топло време со дневни температури кои што ќе се движат во интервал од 6 до 14 степени. Во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне и навечер нестабилно време со врнежи од дожд и дневни температури од 6 до 14 степени. Во недела умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и свежо време со пад на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 1 до 9 степени, над 1500 метри врнежите ќе бидат од снег. Во понеделник умерено облачно време со повремени сончеви периоди и посвежо време со дополнителен пад на температурите, утринските од -8 до 0 степени, додека пак дневните ќе се движат во инервал до -1 до 7 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во петок по студеното утро во текот на денот сончево и релативно топло време со температура до 10 степени. Во сабота и недела умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветовито и дневна температура која што ќе достигне до 10 односно до 5 степени. Во понеделник студено утро со минимални -4 степени, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и температура до 3 степени.

КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ - Според измерените податоци во 6 часот во Скопје и Тетово имаме високо ниво на загаденост на воздухот, додека пак во Битола и Куманово имаме средно ниво на загаденост, а пак на сите останати мерни места ниско ниво на загаденост на воздухот. Во изминатите 24 часа речиси на сите мерни места имавме високо ниво на загаденост на воздухот и висока концентрација на штетни пм 10 честички во воздухот и тоа Битола 395 микрограми на метар кубен,Кавадарци 385 микрограми на метар кубен, Тетово 263 микрограми на метар кубен, како и во Скопје каде што вредноста на мерната станица во Лисиче достигна до 391 микрограми на метар кубен.

Weather4all.com.mk