Временска прогноза за наредните 5 дена

Денес е четврток, 22 јуни 2017 година, 173-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:54, а ќе зајде во 20:15 часот. Денот ќе трае 15 часа и 21 минути. 

Во утринските часови имаме претежно сончево и доста топло време со утрински температури кои речиси насекаде во Македонија се над повеќегодишниот просек. 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес не очлекува еден вистински летен ден, претежно сончево и многу топло време. Попладне во североисточните, источните и западните предели појава на локална облачност, а во доцните попладневни часови во североисточните и северозападните планински предели со услови за локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер. Утринската температура од 9 до 19 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 25 односно до 36 степени. УВ индексот ќе има вредност 8. 

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно сончево и многу топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 16 степени, додека пак максималната дневна температура ќе достигне до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 8. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во петок сончево и многу топло време со максимални температури кои што ќе се движат во интервал од 27 до 38 степени и УВ индекс кој што ќе има вредност 9. Во сабота претежно сончево време со појава на локална облачност и топло. Во попладневните часови во северозападните и крајните западни предели со услови за слаби локални врнежи од дожд. Минималните температури од 13 до 23 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 26 односно до 37 степени. Во недела сончево и топло со температури кои што ќе се движат во интервал од 27 до 38 степени. Во понеделник претежно сончево со локална облачност и топло време, попладне во северните, источните и југоисточните предели со услови за врнежи од дожд и грмотевици, а локално и со услови за појава на невреме. Температурите и понатаму над просекот за овој период од годината и ќе се движат од 28 до 38 степени. 

Weather4all.com.mk