Временска прогноза за наредниот период

Денес е понеделник, 19 јуни 2017 година, 170-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:53, а ќе зајде во 20:14 часот. Денот ќе трае 15 часа и 21 минути. 

Пред почетокот сме на календарското лето кое што започнува на 21 јуни, а со температурите во изминатите 2 дена како и денес како да сме во есен. Така и ова утро во Македонија имаме свежо утро, со температури кои што се под просекот и преовладува претежно облачно време. Облачност која што во следните часови ќе се намалува. 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и потопло време. Претпладне умерено облачно, а попладне се очекува намалување на облачноста и повеќе сончеви периоди. Ќе дува доумерен североисточен и северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 35 км/ч. Температури и денес ќе бидат под просекот за овој период од годината, минималните ќе се движат од 9 до 16 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 19 односно до 29 степени. УВ индексот ќе има вредност 5. 

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и потопло време со пораст на температурите. Ќе дува доумерен засилен северен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна до 26 степени. УВ индекс 5. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - В Македонија во вторник и среда по свежото утро со утрински температури од 7 до 17, односно од 8 до 18 степени во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло време со пораст на дневните температури кои што ќе се движат од 23 до 33 односно до 26 до 36 степени. Во четврток денот го започнуваме со потопло утро со температури од 10 до 20 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и благо опаѓање на дневните температури кои што ќе се движат од 24 до 34 степени. Попладне постојат услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд. Во петок претежно сончево и потопло време, минималните температури од 8 до 18 степени, додека пак максималните дневни од 26 до 36 степени.