Временска прогноза: Се очекува студен бран и многу снег!

И денеска временската прогноза ни носи студено време кое ќе струи ширум земјава со температури кои ќе имаат вредност помеѓу -1°С и 2°С, односно помеѓу -5°С и -3°С на повисоките места.

Максимумот денес ќе се искачи до 0°С на повисоките места. Низ котлините ќе дистигне околу 3°С, додека до 6°С во гевгелискиот регион.

Јужните делови уште рано утрото може да очекуваа провејување на снег додека слаби снежни врнежи се најавени и за источните планини. Како што поминува денот ќе паѓа и облачноста.

Скопскиот крај очекува главно облачно време во текот на целиот ден. Температура ќе има минимална вредност до -1, максимална вредност до 3. Најстудено ќе биде во петок наутро кога минималните температури ќе се спуштат во интервалот од -10 до -1 степен додека на планинските места истите се очекува да се спуштат дури до околу -15 степени.

Ваквото ветровито време ќе услови значително намалување на загаденоста во воздухот во колтините.