Временска прогноза: Од утре температурите во плус

Денес е петок, 13 јануари 2017 година, 13-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:54, а ќе зајде во 16:30 часот. Денот ќе трае 9 часа и 36 минути.


Претежно ведро и студено време имаме ова утро во најголем дел од Македонија. Зголемена облачност имаме во северозападените и понекаде во западните предели. По котлините особено во Полошката, Скопската како и долж Повардарието има и појава на магла. 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во текот на денот ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди и потопло со пораст на температурите, како на утринските така и на дневните. Попладне во северозападните и крајните западни предели нестабилно време со услови за слаби врнежи од дожд, а над 600 метри со врнежи од снег. Ќе дува доумерен слаб југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури од -15 до -6 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до -2 односно до 6 степени. 

СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла која ќе се задржи во поголем дел од денот. Попладне со услови за повремени сончеви периоди. Ќе дува доумерен југозападен ветер. Утринската температура од -12 додека пак максималната ќе достигне до 0 степени. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во сабота умерено облачно време и нестабилно со локални врнежи од дожд, додека пак над 800 метри се очекуваат слаби врнежи од дожд. Дневните температури од 1 до 7 степени. Во недела претпладне претежно сончево време со појава на локална облачност и постудено време, попладне зголемување на облачност. Температурите во опаѓање, минималните од -12 до -4 степени, додека пак максималните дневни од -2 до 5 степени. Во понеделник и вторник нов бран на врнежи кои ќе бидат со слаб интензитет. Во понеделник облачно со врнежи од снег, а во јужните и југоисточните предели врнежте ќе бидат од дожд и снег. Максималните температури од -3 до 3 степени. Во вторник благ пораст на температурите а со тоа и подигање на снежната граница. Облачно со врнежи од дожд и снег а над 500 метри врнежите ќе бидат само од снег. 

Weather4all.com.mk