Временска прогноза: Какво време не очекува во јуни?

Претежно сончево и топло време со повремени врнежи од дожд најавуваат светските метеролошки сервиси за времето во јуни во Скопје.

Почетокот на месецот ќе донесе сончево време со температури до 30 степени. Врнежи од дожд и грмотевици се очекуваат за првиот - продолжен викенд од месец јуни. Нестабилно и врнежливо време ќе донесе и вториот викенд следниот месец.

Втората половина од јуни не очекува генерално стабилно време со температури со утрински температури околу 15 степени и дневни температури околу 30 степени.

Крајот на месец јуни ќе донесе повисоки температури и постабилно и топло време.