Временска прогноза: Какво време да очекуваме на почетокот од месец ноември?

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност особено во западните делови. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до пет, а дневната од 13 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Претежно сончево време со појава на локална облачност не очекува и во недела и понеделник, кога максималните температури ќе достигнат од 9 до 18 степени, односно од 8 до 17 степени. Во текот на ноќта понеделник кон вторник постојат услови за слаби локални врнежи од дожд, а во вторник во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и дневни температури од 6 до 15 степени.