Времето денес ќе биде претежно облачно со слаби врнежи од дожд и слаб снег на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи температурата ќе се движи од 2 до 9 степени.

Слично време со слаби врнежи од дожд и снег ќе се задржи и во недела. Поеќе врнежи се очекуваат кон крајот на викендов, а снег е можен и на повисоките места и во котлините, особено во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од источен правец.