Времен режим на дел од булеварот „Борис Трајковски“

Поради изградба на атмосферска канализација на улицата „Саса“, во населба Пинтија, на дел од булеварот „Борис Трајковски“ во Општина Кисела Вода, викендов, ќе биде воведен времен сообраќаен режим.

Измената на режимот на сообраќај ќе почне да важи од утре, а со градежни активности ќе биде опфатен само еден дел од булеварот „Борис Трајковски“, каде што ќе се изведува попречен прекоп за поставување канализациона инсталација. Времениот режим ќе трае до завршување на градежните активности.

Се апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.