Време кога љубовта станува практична – што ни носи Венера во Девица?

Венера го заврши својот транзит низ знакот Лав,а сега влегува во земјениот, практичен знак Девица. Проценката на љубовта е второ име за Венера во Девица.

Ако сте мислеле дека љубовта и калкулацијата немаат никаква врска, се лажете. Се подготвуваме за месецот кои носи љубовни главоболки.

Девицата е земјен знак па така Венера во овој елемент ја нагласува потребата за разумна манифестација на љубовта. Бидејќи тоа не е можно, тука во конфликт влегуваат разумот и емоциите. Луѓето кои во својата натална карта ја имаат Венера, не се залажуваат и занесуваат. Тие водат постојана борба меѓу љубовта и обидот за контрола над неа.

Тука почнуваме да размислуваме, не води логиката, ги анализираме сите детали. Ова е време кога не се залетуваме туку учиме да бидеме трпеливи. Доаѓа време да се соочиме со реалноста, а со самото тоа и пукање на врските кои немаат никаква иднина.

Ова се моменти кога се раѓа и љубов на далечина, но и слободна љубов која сама по себе може да успее. Новите луѓе доаѓаат во животот, но стануваме практични за тоа размислувајќи дали да ги пуштиме.