Вработена во Рамстор остана без прсти откако и ги откина машина за месо

Вработена во маркетот „Рамстор“ во трговскиот центар „Капитол“ во скопската населба Аеродром, вечера тешко ја повредила раката чистејќи ја машината за мелење месо.

Веднаш била повикана екипата на Итната медицинска помош, но и екипа на Противпожарната бригада.

– Нашата лекарска екипа веднаш интервенираше, откако бевме повикани поради тоа што на вработена при чистење на машината за мелење месо и биле отсечени прстите на едната рака. Откако и беше укажана помош на лице место, таа е пренесена во Ургентниот центар при скопските клиники, каде најверојатно ќе и бидат ампутирани повредените прсти – изјавија во скопската служба за Итна медиинска помош.