Три лица се повредени, од кои еден е со тешки повреди, откако за време на кружните трки во Скопје автомобил што учествуваше на трката излета од патот и удри во организаторот, па во билборд. Според МВР, тешко повреден е Александар Димушевски, еден од организаторите на трките, а со полесни повреди се Урош Бркиќ, возач на автомобилот што учествувал во трката, и неговиот брат Милош.

Со тешки повреди Димушевски веднаш бил префрлен во болницата „Систина“ во Скопје.

Според првичните информации, можно е возилото што учествувало во трката да не било исправно. МВР изврши увид на местото и се утврдуваат причините за несреќата. Трката веднаш беше прекината.