Едно лице е полесно повредено во сообраќајна несреќа која се случи утринава околу 7 часот на кружниот тек кај Католичката црква во Капиштец, пренесува ТВ Нова.

Според првичните информации, во незгодата учествувале најмалку две возила од кои едното се превртело.

Според очевидци пред да се преврти возилото удрило во тротоарот.

Брза помош која пристигна на местото на настанот му укажа помош на повреденото лице.