Вози Мишко!

Превозот на луѓе и стока низ главниот град секогаш бил тема за дискусија. Понекогаш тоа е времето на достава, понекогаш тоа е начинот на транспорт а понекогаш и несоодветното превозно средство во однос на она што се пренесува.

Утрово низ центарот на Скопје беше забележан доста иновативен начин на транспорт на лица но и стока (роба, материјали) и тоа во патнички автомобил.

Безбедноста во сообраќајот страдаше во случајов, но сликата слободно може да го обиколи светот па ете да имаме уште една „егзотична“ претстава за нас во светските очи.