Возењето велосипед е најдобра физичка активност

Како се чувствувате кога возите велосипед? Дали сте среќни што наместо да се нервирате со јавниот превоз и барањето паркинг, велосипедот ви помага мошне брзо да пристигнете на посакуваното место?

Или пак, дали се уште размислувате за да купите велосипед? Дали мислите дека автомобилот е подобар од велосипедот?

Ако сте во првата група на луѓе, вие сте среќни личности. Возењето велосипед е една од најдобрите физички активности кои можете да ги применувате овој период.

Истражувањето спроведено на примерок од 20000 деца во Данска покажало дека возењето велосипед ја поттикнува концентрацијата кај децата. Дополнително, докажано е дека 30 минутно возење велосипед дневно ја подорува меморијата и помага во извршувањето умствените задачи кои ги применуваме како возрасни личности.

Холандските научници во 2015 година спровеле истражување со кое покажале дека оние вработени кои одат на работа со велосипед, во текот на зимата земаат помалку денови за боледување.

Освен тоа, возењето велосипед дава енергија и ја зголемува свесноста во текот на денот за 20%. Исто така, истражувањето спроведено на универзитетот во Стенфорд покажува дека луѓето кои почесто возат велосипед немаат проблем со спиењето.