Воздухот во Скопје, Битола и Тетово опасно канцероген

Воздухот во Скопје, Битола и Tетово е опасен по здравјето на граѓаните.

Нивото на ПМ10 честичките вчера во скопско Лисиче изнесува енормно високи 406 милиграми на метар кубен. Ситуацијата е алармантна и во Битола, каде се евидентирани речиси 300 милиграми на метар кубен ПМ 10 честички, како и Тетово со 273 милиграми на метар кубен.

Илјадници луѓе секојдневно се трујат. Човечки животи се губат. ПМ 10 честитичките се најсериозниот убиец на здравјето на граѓаните.