Воздухот и вчера беше загаден во Скопје и во другите градови низ Македонија. 

Куманово и Струмица беа убедливо најзагадените градови во Македонија.  Мерните станици за квалитетот на воздухот, покажуваат ниво на загаденост 5 пати над нормалата.

Мерната станица во Куманово бележи најголема загаденост, таму ПМ10 честичките се искачија до 271 микрограми на метар кубен што е многу повеќе од дозволената граница, загаденоста во Струмица пак, 252 микрограми на метар кубен.

Во Скопје најзагадена населба е Лисиче.