Воздухот кај Ректорат утрово најзагаден

По вчерашното и завчерашното енормно високо загадување, денеска за среќа на скопјани дождливото време барем утринава го прочисти воздухот. Така, утрово воздухот во главниот град е со најлош квалитет кај Ректорат - 47 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен, а зад него е Ѓорче Петров со 35.

И на државно ниво загадувањето е значително пониско од изминативе неколку дена, а ќе биде вистинска среќа ваквата состојба да остане и во попладневите и вечерните часови.