Воздухот е многу загаден: Лекарите предупредуваат да не се излегува надвор и да не се спортува на отворено

Ова е се само не е воздух каков треба да дишеме велат стручните лица.

 -Ова е се само не е воздух, смог измешан со зголемено ниво на штетните ПМ 10 и ПМ 2,5 честички, велат лекарите.

Штетните ПМ честички се причина за сериозни болести меѓу кои и малигни заболувања, предвремени породувања и бебиња родени со мала тежина.

ПМ 10 се многу ситни честички со големина до десет микрометри кои содржат канцерогени метали, прав и други опасни материи. ПМ 2,5 честичките се четири пати помали од првите и како такви можат да навлезат и во крвотокот.

Тие препорачуваат при ваква алармантна загаденост на воздухот надлежните најитно да обезбедат прочистувачи на воздухот пред се во институции каде се згрижуваат деца, а на населението да им се поделат соодветни заштитни маски.

А најдобра заштита е кога е екстремно загадено да не се излегува надвор и да не се спортува на отворено.