Возачите во Скопје „камикази“ - не почитуваат ни пешаци, ни пешачки премини

Скопјани во едно се согласуваат дека низ улиците во градот се вози пребрзо, не се почитуваат ни правила, ни прописи, а неретко улиците се злоупотребуваат од возачите „камикази“ без оглед дали се со автомобили или мотори и скутери.

Но, за жал, едно се однесуваат кога се возачи, а друго кога се во позиција на пешаци. Во билтените на сообраќајната полиција секојдневно се регистрираат прекршоци од несовени возачи, се изрекуваат казни  но состојбите не се подобруваат.

Пешаците се во грч дење и особено ноќе, кога и пешачките зони се претвораат во егзибиционистички стази за мотори и скутери кои летаат покрај минувачите узурпирајки го местото предвидено за нив. Преминувањето на пешачките премини, особено без семафори е вистинска умешност, зошто возачите не застануваат ни пред деца, ни пред старци. Нестрпливоста и нервозата кај возачите внесува страв и несигурност кај пешаците.