Возачи внимавајте: Лизгав коловоз на улиците во Скопје

Скопските улици денеска се прскаа со калиум, магнезиум ацетат кој треба да го намали загадувањето во градот посебно во зимските месеци.

Станува збор за средство што се користи за контрола и намалување на ситната прашина (ПМ10 и ПМ2,5-честичките) и за стабилизација на патиштата.

Средството е еколошки производ, биоразградлив, не е штетен за растенијата (погоден е за апликација во близина на паркови и зелени површини), а најважно е што не е корозивен (нема да предизвика оштетување на возилата). Производот е лесен за апликација и целосно е стабилен, што значи може да се чува подолг период.

При неговото аплицирање како резултат на неговиот состав може да се почувствува слаб мирис на оцет, кој, исто така, не е опасен за здравјето на луѓето.

Важно е да се нагласи дека брзината на улиците каде што ќе се аплицира средството калциум, магнезиум ацетат ќе биде ограничена на 40 километри/час, поради можна појава на лизгање на коловозот.

Возачите реагираат дека аплицирање на средствата на улиците сериозно ја нарушува стабилноста на возилата при што може да дојде до нарушување на безбедноста и излизгување. Надлежните апелираат за внимателно возење.