Возач на мопед тешко повреден во сообраќајка во Аеродром

Скопјанец кој возел мопед „кимко“ е потешко повреден во сообраќајната несреќа што се случила вчера во 12.55 часот на булеварот „Јане Сандански“ во скопската општина Аеродром. До несреќата дошло, како што соопшти МВР, во моменто кога 26-годишниот К.Р. со својот мопед се судрил со патничко возило „Мини купер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето Е.А.(43) од Скопје.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.Р., по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, соопшти полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.