Возач на ЈСП нападнат со безбол палка, претепан пред очите на патниците

Во текот на вчерашниот ден нападнат е возач на автобус на ЈСП.

Вчера околу 14,15 часот било пријавено дека во Скопје на ул.“Народни Херои“ во близина на крстосницата со ул. „Ѓорѓи Димитров“, Д.А.(33) управувајќи патничко возило “Застава“ со скопски регистерски таблици му го пресекол патот на автобусот на ЈСП бр.24, управуван од М.И. (52), при што излегол од возилото, искршил еден од прозорците на автобусот и физички го нападнал М.И. со дрвена безбол палка во пределот на главата.

 Од страна на полициски службеници Д.А. бил лишен од слобода и приведен во ПС-Кисела Вода за понатамошна постапка.