Воз излета од пруга кај кумановско Романовце

Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.50 часот било пријавено дека помеѓу железничката станица Куманово и железничката станица Романовце, во близина на патниот премин кај с.Черкези, неколку вагони од товарен воз кој сообраќал на релација железничка станица Табановце- железничка станица Трубарево, управуван од Ј.М. од Скопје, излетале од пругата.

Повредени лица нема и била причинета само материјална штета. Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.