Воспитувачката од Аеродром обвинета за малтретирање на дете се уште оди на работа

Воспитувачката од градинката во Аеродром, која родители ја обвинија за малтретирање на нивното дете се уште оди на работа – потврди градоначалникот Златко Марин.

Поради тоа што инспекциските служби на Министерството за труд немале докази за да утврдат вина, нема основ да и биде прекинат работниот однос.

Министерката Царовска посочи – сега на потег е полицијата. Според информациите на ТВ 24 и во текот на денешниот ден исказ во полициска станица треба да дадат други вработени во градинката.