Вооружен грабеж во скопска слаткарница

Вчеравечер околу 20.30 часот во Скопје, во слаткарница лоцирана на ул. „Виетнамска“ две непознати лица извршиле разбојништво над вработениот.

Сторителите со закана со пиштол од вработениот го одзеле дневниот промет по што побегнале од местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.