Вооружен грабеж во бензинска пумпа во Ченто

Двајца разбојници вооружени со нож ограбиле бензинска пумпа во Ченто.

Според информациите на МВР, ноќеска околу 3:50 часот било пријавено дека на бензинска пумпа на улица Методија Андонов Ченто во Скопје две непознати лица со закана со нож од вработените украле околу 8. 000 денари.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.