Црна Хроника
13. December 2016 - 14:21

Вооружен грабеж во аптека во Скопје

Вооружен грабеж во аптека во Скопје, непознат маж откако се заканил со пиштол, одзел 30.000 денари.

Вчера во 17 часот случајот во полиција го пријавила С.М. , која пријавила дека околу 16:40 во аптека на ул. Жан Жорес во Скопје непознато лице извршило разбојништво. Тој по грабежот избегал во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.